„Меѓу сонот и јавето“ вечерва во галерија „Ко-Ра“

„Меѓу сонот и јавето“ е новата изложба на фотографии и графики од М-р Марија Светиева и Виктор Бранѓолица што вечерва (11 јуни, понеделник) ќе биде отворена во галеријата „Ко-Ра“ при Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје.

„Изложбата изненадува со својот избалансиран ритам на една компактна, впечатлива, инспиративна целина“, вели историчарката на уметност Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура Домот на културата.

Изложбата ќе се отвори во 18:00 часот.