Меѓаши реагира за нехуманиот однос кон децата бегалци

На меѓуграничната зона меѓу Мaкедoнијa и Србија, надвор од Трaнзитниoт центaр Тaбaнoвце состојбата сo децaтa бегaлци е катастрофална, понижување за нив, а срам за човештвото, се сликите кои активисти на првата детска амбасада на светот Меѓаши ги виделе и забележале на терен.

Од Меѓаши велат дека импровизираните шатори, во кои децата престојуваат децата нудат нехумани и нечовечки услови.

Децата бегалци се гушат во смрдеа и кал, се дават во нечистотија. Делегации и телевизии снимаат и толку… . Ѓубре на сите страни, но и лица кои го собираа сметот. Ваков третман со децата бегалци не само што не е хуман и човечен туку е деградирачки за едно детско битие кое бара спас и надеж од голготата на војната од која избегалo. И наместо отворени врати и раце сите во Европа ги пречекуваат со бариери, бодликави жици и третман недостоен за било кое човечко суштество

Ваков пристап кон децата бегалци насекаде во светот е вистинско безумие, хаос и типичен пример на дволичност кон страдањата на децата бегалци погодени од војната.

Да се штитат државите од децата бегалци со импровизирани шатори, заглавени во калта, со влага која станува секојдневие е понижување на детското достоинство. Паднаа во вода Конвенцијата за правата на детето и другите меѓународни документи за заштита на децата на кои Европа толку се повикува!“, стои во реакцијата на Детската амбасада.

Меѓаши ги повикува сите организации кои се борат за заштита на правата на децата да помогнат во подигање на гласот за нехуманиот однос и третман кон децата бегалци, заглавени на меѓуграничните простори, насекаде каде децата бегалци транзитираат.

„Мора заеднички да го кренеме гласот и да нагласиме дека политиките и начинот на кој европските земји се справуваат со бегалската криза во која децата бегалци страдаат се одговорни за секој детски живот и судбина“, велат од Меѓаши.