Меѓаши го одбележува Светскиот ден за превенција од насилство врз децата

Меѓаши го одбележува Светски ден за превенција од насилство врз децата Првата детска амбасада во светот Меѓаши заедно со 240 граѓански организациии од 88 земји во светот го одбележува 19 ноември како Светски ден за превенција од насилство врз децата уште од 2001 година.

„Ова година имаме намера да алармираме за влошување на состојбата со насилството врз децата кои го трпат секојдневно, да ги поттикнеме граѓанските организации, државните институции и другите меѓународни чинители , да се активираат во изготвување на старатегии и програми за превенција од насилтво. Како и да ја потикнеме Меѓународната заедница во нејзината заложба за елиминирање на насилството врз децата“, вели директорот на Меѓаши, Драги Змијанац.

Годинава главен акцент е ставен на превенцијата до детската проституција, препродавање на децата и детската порнографија.

Кога станува збор за овој вид на насилство за сериозноста на овој проблем говорат и статистички податоци кои велат дека: околу 150 милиони девојчиња и 73 милиони момчиња во целиот свет се силувани или се сексуално злоставувани секоја година од страна на некој свој близок или родител/старател. Во Република Македонија бројот на случаи на педофилија и родосквернавење е зголемен, но многу од жртвите не ги пријавуваат затоа што извршителите најчесто се нивни блиски роднини или пријатели.

Она што особено загрижува, велат од невладината организација, е што на нивниот СОС телефон имаат добиено дојава од малолетник кој нема наполенто 14 години се јавува како осомничен дека сексуално злоставувало дете кое нема наполнето пет години.