Медведев заспа на отворањето на Олимписките игри

Рускиот премиер Дмитриј Медведев заспа во текот на церемонијата на отварањето на Зимските олимписки игри во Сочи и денеска стана главна мета на исмејување на руските блогери, пренесува Бета.

Медведев заспа на отварањето на Олимписките игри

Руската телевизија прикажа снимка која е поставена на Јутуб а на која се гледа како Медведев изненадно ги затвара очите и како главата му паѓа баш во моментот пред прогласувањето на почетокот на игрите.

Медведев седеше во ВИП ложата на олимпискиот стадион во Сочи во кој биле сместени и останатите светски лидери кои присуствуваа на церемонијата на отварањето.

Блогерите кои се противници на власта ја искористија оваа прилика да го исмејат Медведев, а една од фотографиите објавена на интернет е потпишана со „Олимпијадата видена со очите на Медведев“.