Медиумски ден за средношколци

Под слоганот „Размислувај критички, делувај етички: Во и надвор од училница“, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во Скопје, на 12-ти декември (петок), организира Медиумски ден за средношколци.

Настанот има за цел да им овозможи на учениците да се запознаат со различните типови на медиумска продукција – во ТВ, радио, веб портал и во весник.

Учениците ќе можат лично да разговараат со истакнати уредници и новинари за етичките предизвици на новинарството, влијанијата на и врз медиумите, медиумската продукција, но и да научат како да ги пребаруваат и вреднуваат информациите.

Пријавувањето е најдоцна до 8-ми декември (понеделник) на medium@medium.edu.mk со оставање на своето име и презиме и контакт податоци.

Медиумскиот ден за средношколци се организира во рамки на проектот „(Де)конструирај ги медиумите“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.