Медиумски ден – Стотина средношколци го посетија Радио МОФ

Стотина средношколци од Скопје, Кавадарци, Кратово и Велес го посетија Радио МОФ во рамки на Медиумскиот ден што веќе четврта година го организира Институтот за комуникациски студии.

Средношколците  влегоа во студиото на Радио МОФ, каде се запознаа со техниките на радиоводителството, снимањето емисии и функционирањето на Радиото.

Во вториот дел од посетата имаа можност да разговараат со новинарите на Радио МОФ и да проследат кратка обука за медиумска писменост, за да станат свесни за опасноста од дезинформациите на Интернет.

Средношколците истакнаа дека ваквите медиумски денови се добра можност за да се научи како функционираат медиумите и како да се распознаваат вистинските од лажни вести. Низ дискусиите, дел од нив посочија дека станале свесни дека и самите споделуваат дезинформации на социјалните медиуми. Најавија дека во иднина ќе бидат повнимателни и покритични кон вестите кои стигнуваат до нив и дека критички ќе ги опсервираат медиумските содржини.

Медиумскиот ден се организира за средношколците одблизу да се запознаат со улогата на медиумите во едно општество, начинот на кој медите функционира, за новинарските стандарди, уредувачката политиката политика.

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.