Медиумот е пораката – моќта на јавната поезија

Тој е нарекуван вандал, уличен уметник, панк-уметник и пишаниот Бенкси. Шкотскиот поет Роберт Монтгомери свесно создаде „непријатен простор“ за себе, меѓу уметничките категории, и тој навистина ужива во тоа. Неговата работа ја става поезијата пред луѓето, во интересни визуелни формати: од рекламни паноа што ги покрил со песни, до зборови што ги запалил, или ги осветлил со рециклирана сончева светлина, вклучувајќи го кејот во Сасекс и аеродромот во Берлин.

Неодамна, тој работеше за денешната кампања „Плати со поема“, со која луѓето добиваат кафе, во замена за поезија, во кафулиња низ целиот свет. Монтгомери ќе ги собира тие песни и ќе создаде инсталација на тајна локација.

Жителите на Лондон се сеќаваат на неговата впечатлива песна на црно-бела позадина, поставена на билборд, за време на анти-ирачките протести. Фрустрацијата околу војната која продолжи и покрај милионите силни протести е она што го поттикна да „излезе ноќе сам“, да го украси својот прв билборд со поема која почнува со зборовите „Кога спиеме, авионите носат спомени од ужасите на кои сме им дале наша согласност“.

Текстовите имаа за цел да бидат лирски, мечтателни и речиси оптимистички.

„Мислам дека е еден вид на одговорност да се критикуваат работи за кои мислите дека се лоши, но јас, исто така, чувствувам речиси морална обврска да се пропагира надежта“, вели Монтгомери.

Новата глобална криза го поттикна да ја фокусира неговата работа кон климатските промени.

„Мислам дека еколошката криза со којашто се соочуваме е најголемата историска криза на нашето време и на нашата генерација ќе и се суди за тоа“, вели тој.

Со ваквото претставување на поезијата, Монтгомери се надева дека ќе ја донесе во јавниот диксурс.

„Јас сум заинтересиран за идејата на Ролан Барт дека митологијата, во суштина, е еден вид на говор, и дека тој говор ја дефинира културата. Поезијата може да ги дефинира доминантните јазици што ги имаме во културата и сега тие јазици се рекламираат и медиумите“, објаснува Монтгомери.

И покрај тоа што неговата уметност се прикажува на повеќе физички начини, тој исто така, одобрува друг вид на феномен – „инстаграм поети“, кои до одреден степен, го мешаат пишаниот збор со внимателни визуелни презентации.

„Интернетот е прекрасен медиум за поезија“, вели тој. „Мислам дека тоа не беше идејата на неговите творци, но тоа е навистина убав последичен ефект. Тој го слави фактот дека авто-издаваштвото станува од суштинско значење на интернетот и значи дека поетите добиваат публика ‘што ја оживува нивната работа’, пред да добијат шанса да ја објават“, вели Монтгомери.

Неговата работа се чини дека се разви во областа на инспиративни цитати за неговите обожаватели, кои неговите поеми често ги споделуваат со своите фотографии, облека, ѕидови и тетоважи.

„Да се добие институционално признание е одлично, но некој да се тетовира е вистински комплимент. Моето студио собира дел од примерите со тетоважи. На крајот на краиштата, за мене, целта на уметноста е да ги комуницира нашите најдлабоки чувства на непознати лица“.

Уметноста на Монтгомери, поставена на билбордите низ Лондон, често се судира со законот. Тој бил ставен во задниот дел од полициско комбе откако ја поставил својата поема за Вилијам Шекспир на билборд во округот Бетнал Грин.

„Влегов во дискусија за литературата и еден од полицајците беше навистина занесен во неа. Претпоставувам дека тоа беше среќно искуство. Мислам дека повеќето луѓе не би се спротивставувале да имаат поема на крајот на улицата, наместо уште една реклама за диетална Кока-Кола“.