Медицинската марихуана во хрватските аптеки од март

Од март годинава во хратските аптеки би требало да започне продажбата на желатински капсули од масло од канабис, во доза од по пет милиграми, пет месец по легализирањето на употребата на медицинска марихуана во земјата. Сепак, крајната цена се уште не е дефинирана и ќе зависи од фармацевските мрежи, пренесуваат хрватските медиуми.

Цената ќе биде неспоредливо пониска од онаа која се споменува за продажба на црниот пазар на кој, на пример, месечна доза на смола или масло од канабис, според некои наоди, може да се набави меѓу 1.957 и 2.610 евра. Во аптеките таа количина ќе биде значително поевтина за десетина од цената.

Имунолошкиот завод е во процес на завршување на договорот со канадски производител. На почетокот ќе се увезува помала количина, од маслениот екстракт во капсули, но не и THC во капки или за инхалирање. Маслените капсули ќе може да ги добијат заболените од мултиплекс склероза, од рак за намалување на мачнините при хемотерапија, од ХИВ за олеснување на лекувањето и зголемување на апетитот, како и заболените од ретката детска болест Драветов синдром за намалување на епилептичните напади.