Медиа/арт клубот од Велес го одбележа Денот на планетата земја

По повод одбележувањето на  Денот на планетата Земја, медиа-арт клубот на Младинскиот образовен форум од Велес  ги презентираше изработените пораки и цртежи со едукативен карактер.

Преку фотографирање и упатување на пораки од типот „Ги спречувам климатските промени, не купувам кеси од продавница“ , „Ги спречувам климатските промени, користам батерии кои се полнат“ ; „Ги спречувам климатските промени затоа менувам мини, а не пенкала“ ; Ги спречувам климатските промени, затоа на работа одам со велосипед“,  со цел  подигнување на еколошката свест на граѓаните.

Децата од градинките и учениците од основните и средните училишта од Велес исто така го одбележуваа овој ден преку разни активности во Младинскиот парк и на просторот каде беа лоцирани членовите на Медиа Арт клубот од Велес пишуваа и упатуваа разни пораки за заштитување на природната средина и околината во која живееме.