„Медена земја“ репризно на „Киненова“ вo недела

Програмата на фестивалот „Киненова“ продолжува до недела кога во 18 часот, поради голем интерес на публиката, репризно ќе биде прикажан филмот „Медена земја“.

Режијата е на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, кинематографери: Фејми Даут и Самир Љума, монтажер/продуцент е Атанас Георгиев.

Програмата на „КинеНова“ продолжува до недела со фокус кон современата унгарска кинематографија и проекции на четири филмови во термините од 20 часот, а од 18 часот ќе има репризни проекции на филмовите од официјалната селекција за оние кои ги пропуштиле.

Вo сабота во репризниот термин од 18 часот, е проекцијата на грчкиот филм „Сожалување“ на Бабис Макридис. Во 20 часот ќе боде прикажан „Нежен син – прокетот Франкенштајн“ на унгарскиот режисер, Корнел Мундручо.

На програмата во недела од 18 часот ќе биде прикажан „Медена земја“, во 20 часот вториот филм на Мундручо, „Јупитеровата месечина“ и на крајот во 22 часот,08 рускиот „Човекот кој ги изненади сите“.