МЕД: Заштитените подрачја им помагаат на водните птиците да ги преживеат климатските промени

Климатските промени ги туркаат животните кон север, но проширувањето на нивната распространетоста не е едноставно поради човечки фактори како деградација на хабитати и прекумерна експлоатација на природни ресурси, велат од Македонското еколошко друштво (МЕД).

Од таму потенцираат дека ново истражување, кое користеше и податоците на МЕД, ја согледува улогата на заштитените подрачја во менувањето на распространетоста на водните птици кои презимуваат во Европа и Северна Африка.

Според истражувачите, заедниците на птици побрзо се шират во заштитени подрачја отколку надвор од нив.

Цензус на водни птици во Преспа

„Поместувањето на распространетоста на водните птици се движи за скоро 40% побрзо во заштитени подрачја отколку надвор од нив. Заедниците на птици се имаат поместено околу 90 километри кон север во последните 25 години“, изјавува пост-докторандот Ели Гагет во Универзитетот на Турку.

Заштитените подрачја не само што помагаат во колонизацијата кон север туку и дополнително го запираат локалното истребување на птици во нивната јужна распространетост. Затоа се смета дека заштитените подрачја можат да ја прошират распространетоста на целиот вид на птици.

Покрај самостојни заштитени подрачја, мрежите на заштитени подрачја влијаат на ширењето на водните птици. Поместувањето на заедниците на птици се случува побрзо во предели каде има густи отколку ретки мрежи на заштитени подрачја.

„Нашите откритија укажуваат на тоа дека мрежите на заштитени подрачја, кои биле прогласени за да се спречи уништувањето на хабитати и прекумерната експлоатација, сега се важни и за ублажување на ефектите на климатските промени врз биолошката разновидност“, изјави професорот Јон Бромер од Универзитетот во Турку, кој го предводеше истражувањето.

Истражувањето се заснова на меѓународна соработка и користи десетици илјади цензуси на водни птици кои покриваат 97 вида на птици, во 39 земји во последниве 25 години.

„Ваков цензус спроведуваме и ние во Македонија повеќе од 10 години. Меѓународната координација на овие цензуси на водни птици ја прави Wetland International а истражувањето е објавено во научното списание Конзервациска Биологија“, соопштуваат од МЕД.