Мечето Теди замина на ресоцијализација во Бугарија

Случајот за Мечето Теди кое стана познато откако активисти алармираа за лошите услови во кои живееше во штипската зоолошка, добива нов расплет. Тесниот кафез ќе го замени со ресоцијализација во резерватот Белица, Бугарија.

Мечето ќе има нов дом во „Паркот на танцувачките мечки“, кој претставува резерват финансиран од фондацијата на Брижит Бардо и светската организација за заштита на животните „Четири шепи“.

Таму мечето Теди ќе има површина од 150.000 квадратни метри во кои ќе може да се рекреира.

Веста ја сподели портпаролката на Скопската зоолошка градина, Тина Мицковска, која со месеци преземаше активности мечето да добие соодветна помош. Првичната идеја беше тоа да замине на ресоцијализација во резерват во Германија.

„Ќе пробам да заборавам на сите лоши работи и сите луѓе кои не кочеа во процесот Теди да биде спасен“, напиша Мицковска на својот Фејсбук профил.

Ќе пробам да заборавам на сите лоши работи и сите луѓе кои не кочеа во процесот Теди да биде спасен.
Денеска КОНЕЧНО…

Posted by Tina Mickovska on Thursday, November 5, 2020