Маж од Тексас го промени името во „Буквално било кој друг“ и поднесе кандидатура за изборите во САД

Учителот и воен ветеран од Тексас кој претходно се викаше Дастин Еби го променил законски своето име во „Буквално било кој друг“ и сега се кандидира за претседател под тоа име, пренесува Данас.

Тој се надева дека законската промена на името ќе биде негов аргумент дека некои гласачи сакаат буквално било кој друг освен поранешниот претседател Доналд Трамп или претседателот Џо Бајден за мандат во Белата куќа.

„Ова не се работи за мене, ‘Буквално било кој друг’, туку е повеќе за идејата“, изјави тој за WFAA88.

Тој ја покажа својата нова возачка дозвола во која беше наведено неговото име како „Буквално било кој друг“. Податоците на Федералната изборна комисија покажуваат дека тој поднел барање до комисијата под тоа име.