Маж од Њујорк успеа да ги фати сите достапни Покемони

Ник Џонсон, 28, од Бруклин, Њујорк, е првиот играч на моментално најпопуларната игра во светот, Покемон Го, кој успеал да ги фати сите Покемони.

Џонсон успеал да ги улови сите покемони кои се достапни во САД (сите освен шест: Articun, Ditto, Mew, Mewtwo, Moltres и Zapdos, кои досега никој не пријавил дека ги има фатено и веројатно ги нема во играта). Во интервју за BuzzFeed изјавил дека пешачел околу 13 километри на ден, во текот на две недели, со цел да го комплетира својот Покедекс.

За време на тие две недели успеал да се искачи на 31-вото ниво во играта и фатил импресивен број од 4629 Покемони, додека пропатувал тотална далечина од 152 километри. За тие 14 дена изгубил 4,5 килограми. Истовремено, успеал да работи 50 часа неделно.

Џонсон вели дека фатил поголем дел од неговите Покемони додека бил во Њујорк, а фатил само два во Њу Џерси. За оние шест недостапни Покемони, вели дека ќе чека да станат достапни и ќе биде подготвен да ги фати.