На плоштадот „Македонија“ денеска на пладне ќе се одржи 11-та „Матурска парада“ на која традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат квадрил.
Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.
Организаторот на манифестацијата, Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, очекува да се вклучат околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици.
Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички.
Покровители на „Матурската парада“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје.