„Матурска парада 2016“, матурантите во петок ќе танцуваат квадрил

На плоштадот „Македонија“ во петок напладне ќе се одржи десеттата „Матурска парада“ кога матурантите се собираат на заедничо танцување кадрил. Освен во Скопје, квадрил ќе играат и матуранти од 12 средни училишта во Струга, Охрид, Струмица, Валандово, Гевгелија и Неготино.

Од Дирекцијата за култура и уметност-Скопје најавија дека годинава ќе се вклучат околу 1.200 матуранти од 20 средни училишта од Скопје, како и 1.300 нивни врсници останатите градови.

И годинава матурантите ќе ја започнат манифестацијата со кажување на изјавата за ненасилство, по што ќе следи директно вклучување на Радио Словенија од каде ќе се преземе музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“. Танцот на матурантит напладне.

Освен во Македонија, истовремено ќе танцуваа матуранти од 15 европски држави, во 120 градови.  Матурска парада почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.  Во изминатите девет години на парадата во Скопје учествувале вкупно 6.552 матуранти и 8.146 во другите градови во земјава.