Матуранти се откажаа од скапата облека за да им помогнат на болните деца

Средношколците од северот на Косовска Митровица се откажаа од матурските тоалети за да им помогнат на болните деца. Наместо скапи фустани и костуми, тие за за прослава на матурата закажана на 27 мај ќе носат маички со натпис „Без пет минути гламур, не пропаѓа матурата“, а парите кои ќе ги соберат ќе бидат испратени во добротворни цели.

матура

Два од три класа матуранти во гимназијата на прославата ќе носат вакви маички.  Иако во акцијата не учествуваат сите матуранти, младите од гимназијата не им замеруваат на своите врсници кои ќе блескаат во свила, сатени и чипки, бидејќи знаат колку овој ден им е важен на матурантите.

„ Не има речиси 60 матуранти и сите имаме свои различни мислења и стилови. Затоа разбирам дека ние не можеме да се согласиме дека сите исто ќе постапиме. Сепак, јас сум горда на мојата генерација, која одлучи да има поинаква матура. Планот е да се „откажеме” од матурските костуми и фустани, а парите  што би ги потрошиле на овие прескапи работи, ќе ги донираме и така ќе помогнеме на оние на кои им е потребна помош “, вели за порталот KoSSev ученичка од групата девојки, кои инсистират да не се објавува ниту едно име од оние што ќе учествуваат во акцијата.

Засега свесните средношколци се уште не знаат точно каде ќе ги дадат собраните пари, но тие познаваат два случаи на болни деца на кои за третманот им треба финансиска помош. Тие се надеваат дека нивните гест ќе ги охрабри и другите врсници и сограѓани да се вклучат во хуманитарната акција.

„Денес ние, утре некој друг – денес ние ќе иницираме акција, а утре некој друг ќе се приклучи или пак ќе започне нешто слично “,велат  учениците од Северна Косовска Митровица.

Извор: KoSSev