Massive Attack апликација создава уникатни ремикси за корисниците

Трип хоп дуото Massive Attack објавија нов „сензорен музички плеер“, односно апликација која ги микса песните од нивниот нов албум според податоци земени од мобилниот телефон на корисникот.

Апликацијата е наречена Fantom и работи на модели понови од iPhone 5s. Ја користи локацијата, движењето и биењето на срцето на корисникот за да „манипулира“ со музиката, заедно со времето и сликите од камерата на телефонот. Освен тоа, овозможува да се создаваат и снимаат аудиовизуелни клипови кои потоа можат да се споделуваат и зачувуваат.

Robert Del Naja од Massive Attack е дел од тимот кој ја разви апликацијата. Според него, идејата за апликацијата се родила додека размислувал дали да објави издание со ремикси.

Сепак, се чини дека Fantom нема да биде последната иновација на Massive Attack.

„Размислувам што би можеле да направиме наредно“, вели Del Naja. „На пример, ако ги собереме приватните податоци од сите кои се на концерт и ја имаат апликацијата, би можел да ја променам музиката која е пуштена во реално веме. Така би можело да се создаде некој вид на групно сензорно искуство“.

Извор: Mashable