Масовноста на протестите во Њујорк прикажана преку видео

Масовните протестни маршови што се одржаа во средата во Вашингтон и Њујорк привлекоа големо медиумско внимание, но бројката на луѓе сè уште не е дефинирана. Иако во Вашингтон, официјалните извори излегоа со бројка од 10 000 луѓе, а во Њујорк со 12 000, сè уште нема ништо конкретно.

Во меѓувреме се појави видео снимено во Њујорк на кое може да се види река од луѓе кои излегле да протестираат на улица во текот на денот.

Речиси две недели, луѓето во Њујорк и во некои друго американски градови протестираат против полициската бруталност.

Тензиите со расна основа започнаа откако судот во Фергусон, Мисури, не го обвини полицискиот службеник за пукањето во кое почина невооружениот афроамерикански тинејџер, Мајкл Браун. Потоа, судот не го обвини ни полицаецот кој пукаше во афроамериканското момче Ерик Гарнер.