[Галерија] „Не можам да дишам“ – протести во САД против полициското насилство

Илјадници луѓе во Њујорк и во други американски градови излегоа на улица и веќе три дена  протестираат против неодамнашената одлука на судот во која стои дека полицаецот кој пукаше во афроамериканското момче Ерик Гарнер нема да биде обвинет.

Тензиите врз основа на расните поделби и претходно беа присутни откако судот во Фергусон, Мисури, не го обвини полицискиот службеник за пукањето во кое почина невооружениот афроамерикански тинејџер, Мајкл Браун.