Масовни протести во Либан против корупцијата и сиромаштијата

Либан е блокиран петти ден со демонстрации против слабата влада, нефункционалните институции и лошата економија по најголемите протести кои се случуваат во земјата последниве 14 години.

Демонстрантите вчера излегоа на плоштадите во повеќето големи градови во Либан во протест против власта за која сметаат дека ги блокира потребните реформи кои економски би ги погодиле елитите, а наместо тоа ги оданочуваат сиромашните.

ФОТО: Усеин Мала / АП

Незадоволството избило во четвртокот кога биле објавени нови даноци, меѓу кои и месечна такса за апликацијата за праќање пораки „WhatsApp“ што било клучно за излегувањето на демонстрации. Бесот се зголемил во петокот, што предизвика демолирање на неколку луксузни продавници во Бејрут, како и смрт на едно лице во северниот град Триполи.

ФОТО: Ваел Хамзех / ЕПА

Оттогаш протестите се одвиваат мирно, преку собири на централните плоштади. Меѓу присутните, пренесува Гардијан, не се забележуваат верски или социјални подеби, а собирите продолжуваат да растат во бројка и во интензитет додека истовремено либанските лидери не успеваат да одговорат на нивното незадоволство.