Масовни протести во Белград под слоганот „Еден од пет милиони“

Во Белград и оваа сабота е одржан нов голем масовен протест од илјадници граѓани и српската опозиција.

Протестот се одржа под слоганот „Еден од пет милиони“, откако уште по првата демонстрација претседателот Алекдандар Вучиќ изјави дека пет милиони луѓе да излезат на протест, нема да исполни ниту едно барање на опозициските лидери, кои според него, се дискредитирани.

Поддржувачите на опозицискиот блок од 30 партии и организации, наречен „Алијанса за Србија”, го дефинираат Вучиќ како автократ, а неговата Српска конзервативна партија како корумпирана.

Организаторите на протестите ги повторија своите барања за расветлувањето на убиството на Оливер Ивановиќ, откривање на сторителите на нападите врз новинарите и опозициските личности, како и опозицијата да добие пет минути простор во Дневник на РТС и смена на министерот за внатрешни работи.