Масовни апсења после неуспешниот воен удар во Турција

Околу 2839 војници, меѓу кои и офицери од висок ранг, се уапсени поради обидот за пуч кој беше спречен, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Минатата ноќ, која ја нарече „црна дамка на турската демократија“, биле убиени 161, а ранети 1440 лица.

Се уште не е јасно кој го заговарал пучот.

Претседателот Рeџеп Таип Ердоган обвинува „паралелна структура“, алудирајќи на Фетула Гулен, моќен турски политичар кој живее во САД, за политичките немири.

Но. Гулен ги негира сите поврзувања со синоќешниот настан, велејќи дека „најсилно го осудува обидот за воен удар во Турција“, пренесува ВВС.

Воениот удар започна во петокот навечер, кога со тенкови армијата блокираше два мостови над Босфорскиот канал во Истанбул. На улиците излегоа трупи, а над Анкара прелетувале и воени авиони.

Накратко потоа, фракција на армијата изјави дека „мировен совет“ сега ја води државата, и ќе има полициски час и ќе биде прогласена воена состојба.