Масовен протест во Будимпешта по реизборот на Виктор Орбан

Десетици илјади луѓе демонстрираа во Будимпешта против реизборот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Противниците на Орбан вчера го преплавија главниот град за да протестираат поради како што велат „неправедниот изборен систем“.

Протестите доаѓаат шест дена откако владејачката партија Фидес освои две третини од парламентарните седишта, со гласовите од половина од националните гласови.

Многу од оние што маршираа по улиците беа млади луѓе.

„Ние сакаме да живееме во правна држава”, изјави 20-годишниот Виктор Гитваи, за новинската агенција АФП.

„Ова е нашата последна шанса да направиме нешто за оваа земја”, додаде тој.

Орбан е познат по својата кампања за анти-имиграциска платформа.

Говорници кои учествуваа на настанот, сметаат дека изборите се украдени од Орбан и дека корупцијата и злоупотребата на моќта го карактеризираат неговото владеење.

Тие побараа пребројување на сите гласачки ливчиња, нов изборен закон, непартиски јавни медиуми и подобро организирана соработка помеѓу партиите што се спротивставија на владата на Фидес.

Прашан за демонстрациите, Орбан едноставно одговори: „Ние победивме, тоа е тоа”.

Маршот беше организиран од групата на Фејсбук наречена „Ние сме мнозинството”. Организаторите повикаа на нови демонстрации следниот викенд.