„Маска или преобразба на изопаченото“ – изложба на Бранкица Јордановска на „Здраво Млади“

Ликовната изложба на младата уметница Бранкица Јордановска со наслов „Маска или преобразба на изопаченото“ е последниот новитет во фестивалската програма на 11. издание на „Здраво Млади“.

Изложбата е составена од серија на графики, цртежи и објекти карактеристични за уметноста на Јордановска, како објекти што ја истражуваат маската како ликовна, формална и шпекулативна фигура. Изложбата ќе биде поставена во рамките на фестивалскиот простор во паркот зад МКЦ отворена за сите посетители на фестивалот.

Фестивалот ќе се одржи на 27 август во паркот зад МКЦ, на кој ќе настапат Shortparis, Hercules & Love Affair, Murman Tsuladze, KOIKOI, Iskra, Blackstate, Belgrado, Peki Pele, Lufthansa и DJ FITZ.

Билетите се веќе во продажба по цена од 400 денари на билетарницата на МКЦ и на bileti.mkc.mk. Наскоро следува и објава за распоред на настапи на артистите.