Марвел ќе го добие својот прв трансродов суперхерој

Универзумот на Марвел е подготвен да го добие својот прв трансродов суперхерој.

„И тоа многу наскоро. Во филм што го снимаме во моментов“, рече шефот на студиото Марвел, Кевин Феги, на Њујоркшката филмска академија.

На прашањето на еден обожавател дали има планови за повеќе ЛГБТ ликови во филмовите на Марвел, или поконкретно за транс-ликовите“, Кевин рече: „Да, апсолутно. Да“.

Оваа година, „The Eternals“ ќе го претстави првиот геј лик во филм на Марвел. Од Марвел исто така најавија дека ќе го претстават својот прв глув суперхерој во „The Eternals“, но и првиот азиско-американски суперхерој, во Шан-Чи и Легендата на десетте прстени.

„Вие го гледате успехот на капетан Марвел и на Џрниот пантер. Сакаме филмовите да ја отсликаат публиката и сакаме секој член на нашата глобална публика да се види себеси рефлектиран на екранот“, претходно изјави Кевин Феги.