Мартин Шулц: Демонстрантите во Хамбург се однесуваа како терористи

Социјалдемократскиот кандидат за нов германски канцелар и ривал на досегашната Ангела Меркел, изјави дека демонстрантите кои протестираа за време на Г20 самитот во Хамбург се однесувале како терористи.

Речиси 20 000 полицајци се обидувале да скротат стотици демонстранти кои палеа коли, уништуваа излози на продавници и фрлаа молотови коктели и камења за време на самитот на 7-8 јули.

Десетици илјади други луѓе протестираа мирно.

Лидерот на социјалдемократите Мартин Шулц рече дека „бандите“ не може да имаат никаков политички легитимитет за нивните акции, додавајќи дека „покажувале карактеристики на тероризам“.

„Такви малоумни престрелки се дело на луѓе кои целиот град го претворија во заложник поради нивната слаба остроумност на речиси терористички начин“, рече Шулц, чија партија заостанува пред конзервативната на Меркел, покажуваат последните анкети.

За време на протестите во Хамбург, 476 полицајци беа повредени, а властите соопштија дека биле уапсени 186 луѓе и 225 се приведени.