Martin Garrix , Tale of Us и Dixon ќе настапат на денс арената на Егзит 2015

Глобалната диџеј суперѕвезда и авторот на гигантскиот денс хит „Animals“ Martin Garrix го потврди премиерниот настап во сабота на 11 јули на спектакуларната „Егзит Денс Арена“ (Exit Dance Arenа). 18-годишното момче од предградието на Амстердам, магазинот „Форбс“ го нарече најголемата млада ѕвезда во подем, имајќи предвид дека публиката го изгласа на 4. место на светската диџеј листа. Следната ноќ, на 12 јули, на Денс Арената ќе настапат и двете првопласирани имиња од актуелната листа на „Резидент Адвајзор“, берлинскиот лидер на новиот електронски звук, диџејот и продуцент Dixon и електронското дуо Tale of Us. Ним, на електронската сцена на „Егзит“ фестивалот, ќе им се придружи и англискиот тандем Simian Mobile Disco, австриското дуо Klangkarussell, истакнатите продуценти Roman Flugel и Marc Kinchen, како и ѕвездите wAFF и Francesca Lombardo.

Егзит Денс Арената е местото на кое оваа година настапуваат и водечките диџеи според  „Топ 100“ листата на „DJ Mag“, Hardwell и неговиот пандан од листата на „Резидент Адвајзор“, Dixon кој е сопственик на највлијателната европска етикета Innervisions. Ако на истиот датум од истата анкета се додаде и второпласираното дуо Tale of Us, авторите на можеби најважната техно нумера во последните десет години „Another Earth“, тогаш овогодишното издание на Денс Арената претендира да биде историско. А токму таква димензија ќе му даде и полниот концертен настап на еден од најголемите електронски состави на сите времиња, Faithless кои на 12 јули на Арената ќе прослават 20 години работа. Ист јубилеј на 9 јули ќе одбележат и двата техно великани, денешни лидери на овој жанр, Chris Liebing и Adam Beyer.

Пред 20 години низ светските клубови одекна и нумерата „Push The Feeling On“ која за групата Nightcrawlers ја продуцираше Marc Kinchen или MK како што скратено го нарекуваат во Детроит каде што твори и работи со Кевин Сандерсон. Иконата на американската хаус сцена доаѓа на Арената со импресивна листа на ремикси за имиња како што се Лана Дел Реј, Фарел, Сиа и Дјук Думонт.

Тандемите секогаш биле неизоставен дел од електронската музика, а оваа година, еуфоријата на Арената заедно ќе ја направат детроитските легенди и пионерите на техно музиката, легендарните браќа Бурден, повеќе познати како Octave One. По нивните чекори успешно газат помладите колеги Klangkarussell од Салзбург, а настап ќе има и популарниот полско-берлински двоец Catz ’n Dogz. Тандемот кој специјално за Егзит Денс Арената ќе стане трио, кога на славните Simian Mobile Disco ќе им се придружи искусниот германски „камелеон“ Роман Флугел во „бек ту бек“ сет. За оваа година да има дополнителни ексклузивни комбинации, ќе се погрижи италијанскиот техно гладијатор Joseph Capriati кој ќе биде засилувањето на сетот на Adama Beyera, а свои премиерни настапи ќе имаат и две посебни диџеј дами Nicole Moudaber и Francesca Lombardo, како и новиот омилен хаус резидент на Ибица, wAFF.

Актуелност и иновација дополнително ќе внесат и ѕвездите во подем, пред сè идниот хедлајнер на најголемите сцени Oliver Heldens чии хитови „Gecko (Overdrive)“ и „Koala (Last All Night)“ го освоија 1. односно 5. место на минатогодишната британска листа на синглови.