Марш за мир во недела во Скопје

Организацијата Меѓаши по повод Меѓународниот ден на мирот во недела во 13:00 часот организира Марш за Мир.

Марш за мир во недела во Скопје

– Дојдете на Марш за мир – особено ако не ви се доаѓа, ако не ви се допаѓа името, ако не верувате дека до мир се доаѓа со одење. Дојдете и ако ви се допаѓа идејата. Ова не е марш за мирот и е Марш за мир. Ова е знак дека не боли неправдата, насилството во училиштето и семејството, недостатокот на солидарност, корупцијата и клиентелизмот. Не боли страдањето во Газа и војните во Украина и Сирија. Не боли немилосрдното сечење на шумите во Амазонија, не боли што „развитокот„ доведе до климатски промени и поплави, се вели во повикот од оваа организација за настанот.

И други граѓански организации под мотото „Стоп за специјалната војна против граѓанското општество“ ќе одржат активности за Меѓународниот ден на мирот во  Мобилната / Монтажна Галерија во Паркот на франкофонија.

Марш за мир во недела во Скопје

Граѓанските организации од 17:00 до 22:00 часот најавуваат работилница за пишување транспаренти и графити, како и проекција на игран филм и документарни филмови. Повеќе информации за настанот се достапни на следниот линк.