Марш за достоинство во 5 до 12

Македонската платформа за борба против сиромаштијата заедно со иницијативата 8-ми Септември организираат Марш за достоинство кој во 5 до 12 ќе се одржи во сабота (1 март) во Скопје.

Марш за достоинство во 5 до 12

Граѓаните ќе се соберат пред Собрание на Република Македонија во 11.55 часот , по што ќе следува Маршот против сиромаштија од Собрание, преку Влада, до Скверот Јадран. Овде, од 13 до 17 часот ќе се одржи „Концерт за достоинствен живот“ на кој ќе учествуваат Распеани Скопјани, Соња Исмаил, Бени и Нон Стоп.

Македонската платформа за борба против сиромаштијата и 8-ми Септември се залагаат за воведување на минимален достоинствен приход за секој граѓанин и промена на законската регулатива за социјална заштита.

„Во  ‪#‎5до12 … да кренеме глас против сиромаштијата, 5 до 12 … да им помогнеме на идните генерации, 5 до 12 … за достоинствен живот – марширај против сиромаштија, биди гласен на концертот за достоинствен живот, повикај ги и твоите пријатели“, стои во повикот за маршот.