[Видео] Марш на сексуалните работници во Скопје

Сексуалните работнички, активисти и невладини организации денеска со црвени чадори маршираа низ Скопје барајќи подобар третман од институциите и остварување на своите права.

Од невладината организација СТАР велат дека често сексуалните работнички се злоупотребуваат од страна на полициски службеници за да не ги приведат. Клиентите често не им плаќаат за услугите на сексуалните работнички, ги малтретираат, злоупотребуваат, а надлежните институции не ги заштитуваат.

„Сексуалните работници немаат доверба во институциите и затоа не пријавуваат дека се злоставувани и малтретирани од клиентите, вели Борче Божинов, СТАР.

Од ХЕРА велат дека сексуалните работнички треба да се заштитат од страна на државните органи, бидејќи и сексуалната работа е работа.

Погледнете ја атмосферата на денешниот марш во видеото на НОВА ТВ:

Извор: НОВА