Марш на гордоста и достоинството за Меѓународниот ден на Ромите

Здружението за јакнење и организирање на ромската заедница „Романо Авази“ по повод 8 април, Меѓународниот Ден на Ромите кога се слави ромскиот идентитет, организира протестен марш за гордост и достоинство. Маршот ќе тргне од ромската населба Топаана во 11:45 часот и ќе заврши пред канцеларија на ромската заедица „Романо Авази“ ( ул. „Никола Кљусев“ бр.14)  со прослава и музика.

Иако првично беше најавено дека крајна дестинација на маршот е Владата, доцна синоќа беше најавена можна промена на рутата поради добиени закани, соопшти организаторот.

„Целта на маршот е да се испрати порака до власта и до генералната јавност дека ромската заедница и покрај сите неправди кои и се нанесени од страна на институциите во системот е горда на својот идентитет како Роми. И покрај тешките услови во кои живее сепак има достоинство. Генерална порака која ќе биде испратена е дека ние не сакаме да бидеме Роми само еден ден во годината, и дека власта, сегашна а и сите идни мора да вложат поголеми напори за состојбата на Ромите се подобри и да стигне на ниво како кај останатите заедници кои живеат во Македонија“, посочуваат од „Романо Авази“.