Марина Абрамовиќ наградена на Биеналето на Остен за 2014

Добитниците на главните награди на Остен Арт „Биенале на цртеж 2014“ се Марина Абрамовиќ од Црна Гора, која живее и работи во САД и Хуан Миро од Шпанија.

Марина Абрамовиќ наградена на Биеналето на Остен за 2014

Абрамовиќ ќе го понесе Гран прито за животно остварување, а шпанскиот уметник Миро наградата Светско културно наследство.

За добитниците на наградите денеска Остен Арт организира средба со претставници на медиумите на која ќе присуствуваат шпанскиот амбасадор во Република Македонија Фернандо де Галаинена, директорот на Националниот музеј на Црна Гора Павле Пејовиќ, како и претставници од амбасадата на Црна Гора и од Остен.

„Биеналето на цртеж за 2014“ на Остен Арт треба да се одржи во септември.