Марчело: Уметноста не може да ја победи неуметноста

Српскиот рапер Марко Шелиќ Марчело го подготвува најголемиот концерт во својата досегашна кариера, кој ќе го одржи на 10 октомври во Халата на спортови во Нов Белград, заедно со групата Елементал. На своите соработници, музичарите кои настапуваат со него, им постави интересен предизвик: им кажал да замислат дека на 11 октомври ќе ги прегази автомобил, па за концертот треба да се подготвуваат како да им е последното нешто што го направиле во животот. За агенцијата Танјуг, Марчело зборува за музиката, за отсуството на став како национален проблем во Србија, за културолошките шокови, за надежта и гневот.

„Еднаш мораш да се обидеш да си играш со нешто такво, а ми се причини дека петтиот албум е добар повод за слоган кој ове денови го вртиме – ‘Дојде време да се преброиме’ – да видиме колку има публика заинтересирана за ова што го работиме“, вели Марчело.

Познатиот рапер и текстописец настојува да ги поместува исклучиво своите стандарди, со секој концерт и албум да „отиде на некое место на кое не бил, затоа што во спротивно, тоа би биле репризи“.

Во книгата „Напет шоу“, Марчело пишува дека „надежта е нешто што секогаш стои во горниот дел од песочниот часовник – секое зрно кое преоѓа долу, повеќе не е надеж, туку зрно бес.“ „Нашиот песочен часовник функционира малку поинаку. Ние ги сакаме крајностите, нам ни се допаѓа надежта да остане во едно парче се додека целата не се прелие во бес. Се чини дека до еден момент народот некого го обожава, а тогаш одеднаш решава да го симне со пуч. Да сум јас власт, од тоа би се плашел“, вели музичарот.

Марчело смета дека нема никаков сомнеж и дека тоа не е никаква алхемија, затоа што, како што вели, надежта дефинитивно се претвора во гнев и „само е прашање со која брзина и на кој точно начин, но тоа е судбината на надежта и нејзината следна агрегатна состојба“. Сега е моментот кога фразата „леб и игри“ ескалира во фразата „игри“ и дека станало можно со три-четири реални шоу програми да се сврти вниманието на луѓето од што било. „Би вовел уште десет вакви емисии, се додека на сите не им излезе низ нос тоа алапачарство. Ништо кај нас нема да почне да се менува се додека не се згрозиме од нешто“, заклучува Марчело.

Марчело: Уметноста не може да ја победи неуметноста

Коментирајќи ја својата публика, мултиталентираниот уметник го цитира Jаmes Joyce: „Мечтаеме за совршениот читател кој страда од совршена несоница“, но смета дека во пракса создавачот не може премногу да се насочува на тоа кој ќе биде соговорник на неговото дело.

„На моите концерти публиката е многу шаренолика, старосната граница расте од првите кон последните редови“, вели Шелиќ.

Иако добар дел од општеството може да се пронајде во неговите стихови, Марчело, чиј албум/книга „Напет Шоу“ за еден месец доживеа пет изданија, не го интересираат туѓите гласови, ниту пак себеси се гледа како нечиј пратеник, затоа што тоа повеќе му звучи политички отколку креативно.

„Кога ќе го прашаат George R.R. Martin кога ќе излезе новиот том на „Songs of Ice and Fire“ или зошто не се случи ова или она, тој одговара: ‘Јас се трудам да негувам пријатен однос со читателите, но ова и натаму не е демократија. Јас одлучувам што ќе се случи со јунаците, на радост или тага на читателите’“, потсетува раперот.

Марчело вели дека не размислува за жанрот на неговата музика и затоа не сака да ја коментира моментната состојбата на хип хопот, со кого го поистоветуваат. Но, за алтернативната музика, тој вели дека и недостига став.

„Ајде да не бидеме она против што се бориме, да се вратиме на старите тактики, значи, јас не сум она против што се борам – ако сум, тогаш таа борба нема смисла, тогаш ние не се разликуваме. Тоа е она што ми недостасува, што беше јасно порано“, вели Марчело и истакнува дека ставот е категорија која одамна „трокира“.

На прашањето дали музиката навистина умира, како што тврди во песната „Молк“, кантавторот забележува дека „сега има повеќе добра музика отколку кога било досега, и во таа смисла таа не умира, туку се развива, но достапноста и преплавеноста прават интересот да се губи и новите луѓе да се залепат за она што најмногу им се турка во носот, во очите и ушите“.

„Она што се турка во прв план многу се оддалечува од музиката и од творештвото од секој вид. Така, јас понекогаш доживувам културолошки шокови. Пред некоја вечер, во еден фин локал каде што сакам да пијам кафе, имаше средношколска журка. Каков „саундтрак на пеколот“ беше тоа, каква немузика, нестихови и какво воодушевување на нивните лица додека тоа оди?!“, раскажува Марчело.

Тој признава дека не треба да се залажуваме дека уметноста може да ја победи неуметноста: „Популарната култура не може да се бори против непопуларната култура. Она што треба и може да се прави е да не се седи со скрстени раце и да не се сложуваме со онаа позната: ‘Ако не можеш да ги победиш, придружи им се’. Треба да биде: ‘Ако не можеш да ги победиш, никако немој да им се придружуваш’.“