[Мапа] Во кои држави се пие најмногу алкохол?

Консумацијата на алкохол се разликува од држава во држава зависно од навиките, традицијата и регионот. Сепак, како што покажува мапата на Светската здравствена организација стереотипите се потврдуваат односно Русите и нивните соседи се на врвот на листата држави каде се пие најмногу алкохол.

[Мапа] Во кои држави се пие најмногу алкохол?

Португалија, Гренада и Адора исто така се на врвот на листата со испиени повеќе од 12.5 литри по жител (на возраст од над 15 години) во текот на 2010 година. Канаѓаните пијат повеќе од жителите на САД, слично на жителите во повеќе европски држави.

Консумирањето алкохол е најниско во Северна Африка, додека во јужниот дел од континентот бројката повторно оди нагоре. Според оваа мапа, во македонските граѓани конзумираат од 5 до 7.4 литри алкохол, што пак не става во групата држави каде умерено се пие.

Во кои држави се пие најмногу алкохол може да проверите во мапата подолу [кликнете врз мапата за поголема слика].

world alcohol mapИзвор: Бизнис инсајдер