[Мапа] Светот осветлен од секој уред поврзан на интернет

John Matherly, основачот на пребарувачот Shodan креираше мапа на која светлите и темните точки го покажуваат диспаритетот во интернет конекцијата ширум светот. На оваа мапа е претставен секој уред конектиран на интернет, а од неа јасно се гледа разликата меѓу богатите и сиромашните делови на светот.

Shodan ја покажува интернет конекцијата на сите уреди, од рутери се до фрижидери. Matherly вели дека се потребни околу 5 часа за да се покаже секоја IP адреса на интернет и да се впише секој позитивен одговор. Нему пак му биле потребни 12 часа да ја направи мапата на која јасно се означени сјајните портокалови делови осветлени од бројните уреди прикачени на интернет, наспроти темните точки на неповрзаните делови на светот.

Погледнете ја мапата во продолжение:

Мапа

Извор: Time