Мапа со лозинки од wi-fi на аеродромите низ светот се ажурира со помош на патниците

Отворена безжична интернет мрежа во повеќето аеродроми не е секогаш лесно да се дознае, ниту пак возможно, без лозинка, или мобилен телефон со локален број. Ова е причината поради која беше создадена онлајн мапа, која постоано се ажирира, со лозинките од wi-fi мрежите на аеродромите низ светот.

Луѓето кои посетиле одреден аеродром, или кафуле во аеродромот, може да ги споделат лозинките објавувајќи ги на Фејсбук страницата foXnoMad.

Мапата е дело на блогерот и компјутерски инженер Анил Полат, кој вели дека мапата би била многу покорисна кога луѓето би испраќале повеќе информации за лозинките.

„Ако добиете каква било лозинка од ресторан или слично, оставете коментар или пишете ми мејл директно. Иако аеродромот е веќе запишан, бидејќи често имаат намера да ја менуваат, колку е понова, толку подобро. Јас ќе ја ажурирам мапата за да им помогнам на патниците да останат поврзани кога менуваат аеродром“, вели Полат.

Последен пат мапата е ажурирана на 12 јули, а нејзе може да ја погледнете на следниот линк.