Мапа: Скопски кафулиња и објекти каде е дозволено внесување на кучиња

Кино Карпош, Синдикат, Радио бар, се само дел од кафулињата во Скопје кои се најдоа на новата мапа која покажува во кои угостителски објекти посетителите со себе може да ги носат и своите домашни миленичиња.

Мапата е отворена (crowd sourced) и сите што сакаат да и помогнат на заедница на љубители на кучиња, можат да ја збогатуваат со посочување нови објекти и споделување на своите искуства.

„ Драг сопственику на куче кој сака на раат да пие пијачка, еве како да ја користиш мапава: Балончињата ги означуваат кафулињата во Скопје каде е дозволено да седиш ВНАТРЕ со твоето куче (или, уште подобро, кучиња). Многу е важно да биде дозволено влегување ВНАТРЕ (значи не на тераса, пред врата или сл), туку вистински во кафулето, затоа што на ладни температури никој не сака да седи надвор“, стои во појаснувањето.

Целта на мапата, како што е наведено, не е да ги оцрни сопствениците на локалите кои не даваат да се внесуваат кучиња, туку да помогне на луѓето полесно да најдат место каде можат да уживаат со своите миленичиња.