Мапа што ја покажува светската доминација на Фејсбук

На секои шест месеци Винченцо Косенза, италијански експерт за социјални медиуми, составува мапа на најпопуларните мрежи и ја поставува на својот блог.

Последната анализа покажа дека Фејсбукот ги потисна останатите друштвени мрежи на светско ниво. Податоците Косенза ги бара преку сообраќајот на Alexa, додека крајниот резултат не го зема во предвид Google+ бидејќи Google+ не може да се разгледува одвоено од домеинот Google.com.

Мапата покажува дека Фејсбук доминира во 127 од 137 држави и неодамна стана мошне популарен дури и во земја како Сирија. На мапата ФБ е означен со сина боја, објави Business Insider.

Мапа за светската доминација на Фејсбук