Мапа на училишните распусти во европските држави

Jakub Marian, чешки лингвист кој живее во Германија забележал големи разлики во датумите и траењето на распустите во основните училиште. Тој создаде мапа со цел да се претстави разликата на траењето на училишните распусти низ Европа.

„Секоја влада ги одредува датумите и траењето на училишните распусти“, напиша на својата веб-страница.

Тој бил изненаден што во одредени држави, училишните распусти траат подолго и речиси немаат други прекини, додека во други држави распустот е поделен на повеќе периоди.

На пример, додека Италија и Франција имаат ист севкупен број на недели за училишни распусти, летниот распуст во Италија трае 14 недели, а во Франција трае само осум.

Според мапата, македонските ученици имаат училишен распуст кој севкупно трае 12 недели, додека летниот распуст трае 9 недели.