Ману Чао со поддршка за студентите – „Нема правда, нема мир“

Тројца студенти од Студентски пленум за време на концертот на Ману Чао кој вчера настапи на Д Фестивал во Дојран, излегоа на сцена и извикуваа „Нема правда, нема мир“ и „„Автономија“.

Ману Чао со поддршка за студентите - „Нема правда, нема мир“

Студентите на сцената го вееја знамето на Автономна Зона и Студентски пленум, за време на концертот на познатиот францускиот изведувач со шпанско потекло.

Ману Чао со поддршка за студентите - „Нема правда, нема мир“

Ману Чао и претходно изразуваше поддршка за протестите и студентското движење во Македонија, откако на својата официјална Фејсбук страница објави фотографија на која пишува „Поддршка за Студентски пленум во Скопје“, со што се солидализира со студентите кои ги окупираа факултетите.

Тој настапи на последната вечер на Д Фестивал, кој траеше три дена и имаше преку 13.000 посетители.

Ману, Гамбит, Маџид, Филипе, Џанлука и Габриел, брилирираа со шармот, талентот, неприкосновената борбеност и страст, во шоуто кое траеше преку 2 часа и беше најавено со голем огномет над Дојранското езеро.

На главната сцена се претставија и Бла Бла Бла… Баилдса и Драм енд Брас трио, а во текот на целиот фестивал настапија голем број домашни и странски музичари.