Малтешки бизнисмен уапсен на неговата јахта поради убиството на новинарката Каурана Галиција

Полицијата во Малта уапси познат бизнисмен на неговата јахта за кој се сомневаат дека е поврзан со убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.

Уапсениот бизнисмен, Јорген Фенеш, е сопственик на компанијата „17 Black“, а приведувањето доаѓа еден ден откако премиерот на Малта, Жосеф Мускат изјави дека размислува за помилување на посредник во убиството на новинарката доколку тој сподели докази за извршителите на злосторот. Посредникот е осомничен за перење на пари.

Галиција, која имаше свој блог во кој истражуваше корупција, беше убиена со автомобил-бомба во 2017 година. Малта имаше голем број критики од меѓународната заедница поради истрагата за убиството.

Според сведоци на локалните медиуми од Малта, луксузната јахта на Фенеш била пресретната од воена бродска патрола при напуштање на пристаништето во Портомасо.

Компанијата на Фенеш има добиено голема концесија во енергетскиот сектор од владата на Малта во 2013 година за да изгради електрана на гас.