Малолетници фрлиле соученичка од прозорец во училиште во Аеродром

Во полициската станица Аеродром Е.Ц. (50) денеска пријавил дека на 28 септември во училиште во Аеродром се случило меѓуврсничко насилство.

Како што соопшти МВР, пријавено е дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја.

Девојчето се здобило со телесни повреди.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.