ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје утре (среда 27, февруари) во 20 часот организира „Мали ноќни разговори“ во просториите на супкултурниот центар „Short bus“.
„Мали ноќни разговори“ е продолжение и освежување на Читателскиот клуб на ЛГБТИ Центарот за поддршка Скопје, од оваа година во соработка со феминистичкиот портал Медуза ( медуза.мк).
„На мали ноќни разговори, зборуваме за работата на активисти и активистки кои се борат за правата на ЛГБТИ+ заедницата и други маргинализирани групи, културни работници и работнички, уметници, феминисти и феминистки…“, стои во повикот за настанот.
На првите мали ноќни разговори гостинка е Лила Милиќ од Трансформа, заедница на транс луѓето, која работи на остварување на правата на транс луѓето и на нивно достоинствено претставување.
„Со Лила ќе разговараме за досегашната работа на Трансформа, нејзиното искуство и ставови како транс жена во Македонија, алтернативни манифестации на родот, трансфобијата во нашето општество, како и во самата ЛГБТИ заедница и во феминистичкото движење. Разговорот ќе го води Калиа Димитрова“, се вели во најавата за настанот.