„Малезискиот Бенкси“ осуден поради цртеж на премиерот како кловн

Малезискиот графички дизајнер и уметник Фахми Реза е осуден поради објавување на онлајн содржина која „го задева, малтретира или му се заканува“ на премиерот, односно карикатура на која тој е претставен како кловн, која набргу се прошири на интернет на почетокот на годинава.

Реза изјави дека не е виновен за прекршување на законите за мултимедијална содржина. Уметникот ја објави сликата од премиерот Наџиб Разак како кловн во јануари. До март, една од неговите оригинални слики под која пишуваше „dalam negara yang penuh dengan korupsi, kita semua penghasut“ (во земја полна со корупција, сите сме бунтовни), што инспирираше поголемо онлајн движење.


Неговиот кловн и скратена верзија од фразата почнаа да се појавуваат на графити низ Малезија, на лепенки залепени на ѕидовите, на маички и насекаде на интернет.

Реза треба да одлежи една година во затвор и да плати казна од 50000 нигити (околу 10800 евра).

Додека Бенкси, со кого многу често го споредуваат Реза поради политичкиот активизам, е анонимен, малезискиот уметник постојано објавува нови цртежи и фотографии од себеси на Фејсбук и Твитер, каде има повеќе од 52000 и 11900 следбеници.

На некои од цртежите на Реза, Наџиб држи купче долари, што алудира на обвинувањата за корупција со кои се соочува политичарот. Малезија беше потресена од скандал во кој е вклучен државниот фонд под управителство на Наџиб, кој проневерил стотици милиони долари.

Минатата година беше откриено дека 700 милиони долари биле префрлени на приватни сметки на Наџиб од компании поврзани со државниот фонд, но премиерот негира дека парите се државни.

Извор: Mashable