Малезиски пензионер уапсен бидејќи го навредил премиерот на Whatsapp

Седумдесет и шестгодишен малезиски писател е уапсен и престојувал во притвор три дена, откако го навредил премиерот на државата во порака на Whatsapp.

Осомничениот, кој на апликацијата за пораки е потпишан Па Ја, објавил фотографија во групата за дискусии Malay Political Commentary во саботата, за која полицијата смета дека е навредлива.

Мобилниот телефон на човекот бил запленет за време на неговото апсење во Петалинг Хаја, во близина на Куала Лумпур, и бил однесен во притвор. Го пуштиле со кауција во средата навечер.


Јавниот обвинител потврдил дека се уште решаваат дали да го тужат поради навреда на премиерот Наџиб Разак, според член 223 од малезискиот строг Закон за комуникации и мултимедија.

Законот и дозволува на државата да го гони секого кој испраќа „опсцена, лажна, лажно обвинувачка или навредлива содржина на интернет, со цел да здодева, злоупотребува, да се заканува или да исмева друга личност“, иако се користи за претежно да се заштити кралското семејство и политичките лидери.

Во изјава, полицискиот комесар Ван Ахмад Наџмудин Мохд изјавил:

„Фотографијата ги навреди и ги повреди чувствата на Малезијците“.

Осомничениот подоцна бил ослободен од притвор поради проблеми со високиот крвен притисок и бубрезите.

Во јуни, малезиски тинејџер беше осуден на една година затвор поради лоши коментари за кралското семејство на Малезија на Фејсбук.