Малезија отвора подводен парк од 1 милион хектар

Малезија го отвора најголемото морско заштитно подрачје во земјата. Тун Мустафа парк зафаќа 1 милион хектар на морска површина во северниот крај на провинцијата Сабах во Борнео, регионот каде има втора по големина концентрација на корални гребени во Малезија, но и други важни живеалишта, како мангрови, морска трева и предели богати со риби.

Тоа е исто така дом на десетици илјади луѓе кои зависат од своите ресурси, од риболовната заедница до секторот за стопански риболов, правејќи го на повеќе начини микрокосмос на целиот Корален гребен, каде заштитата на животната средина мора да биде балансирана со потребите на растечкото крајбрежно население.

Биле потребни 13 години за консултации, стратешко планирање и преговори за да се добие новиот парк, поради неговата големина и сложениот акционен план, со цел да се задоволат локалните и комерцијалните потреби на еколошки и одржлив начин.

Сепак, и во иднина, локалните заедници и рибарската индустрија ќе можат да ловат риби во одредени зони. Ова е од суштинско значење за индустријата, за чии потреби се ловат 100 тони риби на ден.

Во септември 2012 година, тим кој се состои од 30 морски научници и волонтери, открија дека 75 отсто од анализираните гребени биле во одлична или добра состојба. Но, истражувачите открија и изобилство од докази за негативно човечко влијание, вклучително и остатоци од експлозив кој се користи за риболов (вкупно 15 бомби биле пронајдени за време на турата), прекумерен риболов и загадување. Познати видови, како ајкули и желки биле прилично отсутни, што покажува дека екосистемот е под силен притисок.

Податоците потврдиле дека итно е потребен одржлив пристап за управување со цел да се зачува постоечката биолошка разновидност и да им овозможи на осиромашениот рибен фонд и оштетените корали да закрепнат. Оние области со минимална штета може да се опорават од три до пет години, додека оние со значителна штета ќе бара повеќе време, или од пет до десет години.