Малала – девојчето-херој од Пакистан доби Нобелова награда за мир

Малала Јусафзаи, пакистанското девојче-активист за образование на жените и Каилаш Сатирати, индиски активист за права на децата, се годинашни добитници на Нобеловата награда за мир, соопшти Нобеловиот комитет во Норвешка.

Малала - девојчето-херој од Пакистан доби Нобелова награда за мир

Малала, која сега има 17 години, е најмладиот добитник на оваа награда. Таа продолжи со кампањата за промовирање на правата на жените, особено во образованието и покрај тоа што за оваа нејзина активност беше застрелана во главата во 2012 година од талибанските милитанти во Пакистан.

Комитетот  за доделување на наградата соопшти дека двајцата ја добиваат како признание за нивната борба против угнетувањето на децата и на младите.

„Нобеловиот комитет го смета за важно тоа што еден Хинду и една муслиманка, Индиец и Пакистанка ќе се соединат во борбата за подобро образование и против ектремизмот“, вели Торбјорн Јагланд од Нобеловиот комитет.

Извор