Малала Јусафзаи со порака до Обама: Наместо да праќате оружје, пратете наставници

„Парите што се потрошени на оружје и војни, ако се употребат за образование, навистина би можело да го промени светот“, е пораката на Малала Јусафзаи, 17-годишната Пакистанка добитничка на Нобелова награда за мир која беше погодена од куршум во главата поради нејзините напори за образованието на жените.

Малала Јусафзаи со порака до Обама: Наместо да праќате оружје, пратете наставници

Јусафзаи го сподели своето мислење истиот ден кога САД истовари оружје над сирискиот градот Кобани. Ова, имаше за цел да им помогне на сириската курдска војска во нивната борба против Исламската држава.

Но, дел од оружјето заврши во рацете на борците на ИД, според видео испратенo од медиумска група лојална на ИД, јави Асошиетед прес.

Од почетокот на 2013 година, САД обучува сириски бунтовници кои ќе се борат против ИД и владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Мисијата беше да се обучат 5000 бунтовничките сили секоја година. Во април 2013 година, се појави документарецот „Сирија позади линиите“ кој покажа како оружје се транспортира и како бунтовници се потсетуваат на своите програми за обука во Саудиска Арабија и Јордан.

Пораката на Јусафзаи до Обама се совпаѓа во период кога трае кризата во Сирија и Ирак.

Извор: Wolrd Mic