Малала Јусафзаи повика светските лидери да престанат да ги изневеруваат Сиријците

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусуфзаи  на одбележувањето на својот 18-ти роденден ги повика светските лидери да престанат да го изневеруваат сирискиот народ. Малала, која говореше на отворањето на фондот за женски училишта во Либан, близу до сириската граница, ја опиша ситуацијата во соседна Сирија како потресна трагедија.

Светски познатата пакистанската тинејџерка, која беше донесена на лекување на прострелните рани во Велика Британија, со кои се здоби во нападот на училишен автобус во нејзината земја, го најави и новиот грант од 250.000 долари за поддршка на програмите за бегалци УНИЦЕФ и УНХЦР во Јордан.

Таа изјави дека се чувствува почестена што може да го помине својот роденден со „храбарите и инспиративни” девојчиња од Сирија.

„Јас сум тука во име на 28 милиони деца кои се надвор од училница поради вооружен конфликт“, рече Малала на отворањето на женското училиште. Нивната храброст и посветеност да го продолжат своето школување во тешки услови ги инспирира луѓето од целиот свет и наша должност е да се застане со нив“.

„На овој ден, јас имам порака за лидерите на оваа земја, овој регион и светот – вие го изневеривте сирискиот народ, особено на децата на Сирија“, рече Малала која истакна дека „ ова е потресна трагедија – најлоша бегалска криза во светот во последните неколку децении.”